„На Али Ахмети напомош му доаѓа и Вучиќ – нека се обедини и со Путин, но народот ќе го порази на 8 мај.“ – истакна албанската опозициска партија во своето соопштение, кое го објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пренесува: „На политичката кампања на ова застарена гарнитура зачудувачки ѝ се придружи и заколнатиот непријател на Албанците – Србија. Во изјава на претседателот Александар Вучиќ, во која се огласува со помош на лидерот на ДУИ Али Ахмети, се покажува јасно дека тие соработуваат и со држави, кои убиваа невини Албанци, за да ја задржат нивната власт. Српскиот претседател го споменува стравот на Ахмети од премиерот на Косово Албин Курти, што дава на знаење дека Курти ги поддржува напредните опозициски албански сили со чиста западна и американска насоченост. Ова покажува и дека промената е блиску и оти на ДУИ и Ахмети сојузници им се само Србија и Вучиќ, додека другите им го вртат грбот. “ – се вели во реагирањето на Беса, според која овој став напретседателот на Србија јасно покажува дека зошто ДУИ заедно со Бујар Османи, Артан Груби и Али Ахмети ја бранеле идејата за „Отворениот Балкан“.
„Беса им се спротивставува силно на српските планови заедно со албанските аргати да создадат нова ‘мала Југославија’ без ЕУ внатре – истакнува партијата на Билал Касами.





