Најдобриот македонски фудбалер во моментов Бојан Миовски ја продолжи својата гол-серија со два погодока во Купот на Шкотска, каде што „сам“ му ја донесе победата на Абердин од 2:0 против четвртолигашот Бонириг роуз вредна пласман во четвртфиналето.



Репрезентативецот на Македонија го отвори резултатот на „Питодри“ во 17. минута, а го затвори осум минути подоцна во првиот натпревар пред навивачите на „црвените“ на новиот тренер Нил Ворнок.

Вкупно трите гола во Купот, заедно со тој во претходниот круг против Клајд, го зголемија билансот на 24-годишниот штипјанец на 22 погодока во сите клупски натпреварувања сезонава.

Првиот гол на Миовски против Бонириг роуз на линкот:

https://www.facebook.com/1179515170/videos/1827415724364522/

Вториот погодок на линкот:

https://www.facebook.com/1179515170/videos/1081471389773654/