Претседателот на Централното собрание на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави дека досегашниот претседател на партијата Арен Таравари е разрешен на денешното партиско собрание во редовна постапка со две третини од гласовите на членовите на собранието. Ова го јави ТВ 21.
ТВ 21 пишува: „Долго го чекавме претседателот, но не дојде. Не можеме да дозволиме партијата да биде предмет на лични желби. Беше изнесена иницијатива за разрешување на претстедателот на партијата, во присуство на 108 членови на собранието со 106 за, 1 против и 1 воздржан таа иницијатива е изгласана со две третини од гласовите на присутните делегати на собранието.“ – рече Села
Тој дополни дека на 18 февруари ќе се одржи партиски конгрес и по ова ќе добие облик разрешувањето на претседателот на партијата Арбен Таравари. Села кажа и дека Алијансата за Албанците најверојатно сама ќе оди на избори. „На собранието расправавме и за тоа како ќе продолжиме на следните парламентарни избори. Најверојатно ќе настапиме сами.“ – изјави Села.





