СДСМ 8 години ги лаже Арачиновци за вода и канализација, и тие што одат како туристи не се враќаат

СДСМ во 2016та ветуваа канализација и вода за пиење во Арачиново, а до денеска нема ништо, 90 проценти од граѓаните кои си заминале од тука повеќе не се вратиле, анализира новинарот Мефаил Исмаили.



,,Му кажуваш на албанскиот граѓанин дека ти ако си за едниот твој лидер си против Европа, или ако си со нас си со Европа, а на истиот граѓанин кој те поддржуваше од 2016та година, значи историја направија СДСМ нели во Арачиново ја водеше албанска општина, му ветуваше канализација и вода за пиење, а ниту едното го нема”, изјави новинарот Исмаили во вчерашното гостување во емисијата Вечерашно шоу на Богдан Илиевски, на телевизија Алфа.

Новинарот Исмаили порача дека треба да се занимаваме со глобалните политики, но треба да ги решиме проблемите внатре во државата

,,Ајде малку да ја спуштиме топката и да оставиме одредени личности кои добиле доверба, и понатаму може ќе добиваат без разлика кои и да бидат тие, да се занимаваат со глобалните работи, да се занимаваат со надворешната политика и стратешки цели, но ајде да ги решаваме проблемите внатре. Значи треба да се занимаваме со глобалните политики, ама тоа не треба да дневна реторика”, вели тој.

Исмаили порача дека дури 90 проценти од граѓаните кои заминале од Македонија и како туристи не се вратиле повторно овде.

,,Имаме роднини, јас сум од Струга, од Скопје од Гостивар натаму ние сме познати за печалбарство. Од нашата држава последните 10 години и од Струмица и Гевгелија бегаат. Дури 90 проценти и како туристи што отишле не се вратиле бидејќи стално има вода за пиење таму, има стабилна работа и струјата ја плаќа колку што треба а не повеќе или помалку”, додаде новинарот Исмаили.