Села тврди дека Централното собрание на АА има право да донесе одлука за разрешување на претседателот

Зијадин Села, претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците пристигна на состанокот на ова партиско тело во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија во придружба на повеќе негови поддржувачи.



Во изјава за медиумите пред почетокот на Централното собрание на АА рече дека внатре се членовите на собранието, односно органот каде се носат конечни одлуки и дека така очекува и денеска да биде.

„Работиме на тоа што подразбира Централно собрание на партијата и тоа што подразбира одговорност на секој член на Централното собрание, да одлучува за партијата и за одлуките кои треба да се донесат во партијата. Ова е органот каде се носат конечни одлуки и тоа се очекува и денеска“, рече Села.

Очекува дека има ќе има мнозинство, потенцира и дека секој преку глас ќе го каже својот став.

„Најверојатно ќе имаме мнозинство, внатре се членовите на централното Собрание. Секој сам ќе се изјасни преку глас“,
рече Села.

На прашањето дали според статутот на партијата, Централното собрание може да го разреши Таравари од претседателската функција на партијата, Села рече дека тоа е можно, но дека конечна одлука носи Конгресот на партијата.

„Ако зборуваме за Статутот, највисокиот орган е Централното собрание. И да, според статутот има такво право. За да донесе одлука за разрешување и доверба на претседателот. Но за таква нешто конечно одлучува Конгерсот“, изјави Села.

Села рече дека покана за присуство на Централното собрание е пратена до Таравари, исто како и за секој член на ова тело.

Централното собрание треба да одлучи како партијата ќе настапи на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, пред два дена одржа состанок во Куманово со членови на Централното собрание на кој и официјално беше одлучен заеднички изборен настап на Алијанса со опозициските партии на Албанците.

Тој тогаш најави дека нема да присуствува на Централното собрание свикано од Села.