„Сепак се работи за политичар од Гостивар кој е успешен доктор, кој прави свои политички калкулации“, одговори претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на новинарско прашање дали европскиот фронт постои откако министрите-приврзаници на лидерот на Алијансата беа разрешени на синоќешната седница на Собранието.
„Мислам дека господинот Таравари не е клучен за иднината на државата, додаде Ковачевски и посочи дека иднината на државата не може да зависи од еден човек или од една политичка партија туку станува збор за општествен процес.
Европскиот фронт за кој се залагаме постои и тоа се гледа на дело и преку мнозинството во Парламентот кое синоќа со 62 гласа „за“ ги разреши министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу.
Во нашата држава има политички партии кои што се за европска интеграција на државата.
Ние не можеме европската интеграција на државата да ја ограничиме на тоа дали господинот Таравари поминал од власт во опозиција“, рече поранешниот премиер.






