Меџити е убеден дека ЕСП победува на следните избори

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вечерва изјави дека лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари донел автономна одлука да ја поддржи албанската опозиција и дека клучно за тоа била поддршката што ја добил од членството.



– Очигледно дека динамично ќе биде во албанскиот блок, и веќе нема да има никој дилема, тие што ги познаваат приликите, кој е победникот во албанскиот блок односно Европскиот блок за промени. Отсега натаму дилемата е само која ќе биде разликата – рече Меџити во телевизиско интервју.

Европскиот сојуз за промени, според него, убедливо ќе победи, особено, во шестата изборна единица што, според него, е важно бидејќи половина од пратениците произлегуваат од оваа изборна единица.Тој потврди дека Таравари бил еден од кандидатите за претседател, но вели ќе разговараат и со други кандидати.