Судир во владата за скандалозната централа – ДУИ се освестува, СДСМ турка проект со 2 милијарди евра штета за Македонија

Судир во владата за скандалозната гасна централа за која експертите тврдат дека е монструозен криминал од најмалку 1,2 милијарди евра.



По реакциите ДУИ се освестува и најавува ревизија а СДСМ се уште го турка проектот кој може да донесе 2 милијарди евра штета за Македонија.

Министерството за економија ќе бара повторно да се разгледа еден од четирите предлог закони за стратешки инвестиции, објави Телма.

Од таму се сомневаат во одредени работи и затоа сметаат дека треба одново да се преговара со инвеститорот, а ако има потреба од економија ќе бараат и повлекување на законот од собрание и повторно враќање на доработка во Владата.

Од министерството сметаат дека е спорно лиценцирани, рентабилни и профитабилни инвеститори да добиваат државна помош и тоа не една туку повеќе.

Министерот Бектеши кој е владин претставник за законот за Митилинеос сега оди контра вицепремиерот Битиќи исто така е претставник на владата кој не се откажува од скандалозниот проект со грчки Митилинеос.

Од министерството за економија не откриваат за кој инвеститор станува збор, но со оглед на тоа што споменуваат дека еден стратешки инвеститор ќе добие повеќе видови државна помош, се отвара прашањето дали станува збор за Митилинеос- стратешкиот инвеститор за кој имаше најмногу реакции во јавноста.

Грчката компанија која треба да гради нова когенеративна централа во Железара, според предлог законот ќе добие поволности од државата, загарантиран откуп на производството, но и државна помош од речиси 50 милиони евра.

Дел од експертите неколку пати повторија дека инвеститорот ќе се збогати на сметка на штетата која ќе ја прерпи државата. Освен Митилинеос тука се уште три стратешки проекти. Станува збор за изградба на централи во Пехчево, Свети Николе, Штип, но и централите на Греен ТЕЦК. Сите тие добиваат доста поволности кои ретко ги ужива домашниот бизнис. Иако, дел до инженерите се обидоа да ги стопираат законите, сепак тие чекаат да го минат собранискиот филтер, јавува Телма.

Поврзана содржина

ВМРО-ДПМНЕ со закана до грчкиот инвеститор за проектот со кој Македонија може да загуби 2 милијарди евра