„Овие слатки експерти не гледаат проблем што Џафери носи одлука на Влада за менување на министри по добиен маил на кадрова комисија од Алијанса, а го игнорира претседателот на партијата Таравари кој е официјален претставник на Партијата, реагира во објава на Фејсбук Жанета Трајкоска директор на Институтот за комуникациски студии на очајните експерти кои, како што вели „хистерично (според СДСМ речникот, нели) го бранат ликот и делото на ДУИ“.
„Не гледаат – вели Трајкоска – проблем ни со минирањето на цела процедура за член на ДИК, и имаат амнезија дека ДУИ го прекрши непишаното и неуставното правило „победник со победник“ во 2017 година. Ова правило изгледа важи само за ДУИ, за да може да биде вечен дел од сите идни влади“ пишува Трајкоска.
„Секако СДСМ си гледа во кондури.
Ама колку се похистерични експертските изјави кои имаат неуспешен обид да се покажат ко независни, но и колку е посилно ќутењето на СДСМ, толку на сите им станува јасно како стојат на анкетите.
Најстрашно за нас сите граѓани на Македонија е периодот што следи – тоа што ќе го гледаме и чуствуваме на своја кожа: како се кршат процедурите, како се газат законите, како се ништат институциите и се прави клиентелистички терор на тие што добиле работа преку ДУИ, оти сега е времето кога партијата си доаѓа по своето кај сите кои добиле позиции во сите нивоа и на сите власти.
Како и да вртиш, нема да е добро за нас „обичните“, вели Трајкоска во објавата на Фејсбук.




