Пратениците на Алијанса на Албанците Халил Снопче и Абдула Халиу му дадоа поддршка на актуелниот претседател Арбен Таравари на собирот во Куманово каде беше поддржана одлуката АА да оди во коалиција со опозициските партии на етничките Албанци (Беса, Алтернатива и Демократското движење) на изборите.
Портпаролот на Алијанса, Блерант Рамадани, по средбата изјави дека на состанокот присуствувале 75 од 133 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно ја потпишале декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер да започне коалиција со опозиционерите од албанскиот блок.
На собирот во Куманово присуствуваа и двајцата министри Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои застанаа зад партискиот лидер, и за кои се бара владата да ги разреши.






