Битиќи би прифатил да биде консензуален кандидат за претседател

Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, пројави претседателски амбиции во интервју за телевизијата Алсат-М.



„Јавно објавувам дека добив номинација од повеќе ограноци на партијата, затоа што јавно е познато дека СДСМ е една од партиите што има најширок дострел во државата. Имаме 80 партиски ограноци во државата. Добив номинации од значителен број ограноци од СДСМ. Сега процесот на консултации продолжува и ова треба да заврши со Конгресот. Доколку се бара консензуален кандидат како мене, јас би прифатил таква понуда. И ако треба да направиме други компромиси и да најдеме консензус на друго место, подготвен сум да му подадам рака на секој што мисли дека таму треба да се испрати државата и да работиме за истата визија“, изјави Битиќи.