Нови маки во седиштето на владата на Илинденска, откако СДСМ и ДУИ останаа без верен следбеник кој цели седум години гласаше во Собранието по нивни налог.
Пратеникот и лидер на ДПА, Мендух Тачи најави дека сега нема да гласа за најновиот предлог на техничкиот премиер Талат Џафери испратен во Собранието.
Тачи вечерва во изјава за ТВ 21 изјави дека на утрешната седница нема да се појави во Собранието за да гласа за новите двајца министри на Алијанса за Албанците кои треба да ги заменат двајцата министри блиски на Таравари.
„Утре ниту ќе одам, ниту ќе гласам за министрите на Села“, рече Тачи, кој има нерасчистени односи со Села, кој пред десетина години му се отцепи од ДПА и ја формираше Алијансата за Албанците.





