Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени досегашниот командант на украинската армија, генерал Валериј Залужни и на негово место го назначи генералот Александар Сирскиј, пишува Киев Индипендент.
Во објава на Телеграм, испратена непосредно пред официјалното соопштение, под фотографијата на која е со Залужни, Зеленски напиша: „Се сретнав со генералот Валериј Залужни“. Му се заблагодарив за двете години бранење на Украина“.
„Разговаравме каков вид на обнова им треба на вооружените сили на Украина. Разговаравме и кој би можел да биде во обновеното раководство на вооружените сили на Украина. Сега е време за такво обновување“, се наведува понатаму.
„Задачите од 2022 година се различни од оние од 2024 година“, рекол самиот Залужни, пренесува Си-Ен-Ен.





