Таравари доби поддршка од 85 членови на Собранието на АА, кои рекоа „Да“ за коалицијата со опозицијата

Лидерот на Алијансата за Албанци Арбен Таравари ја доби поддршката од 85 членови на Собранието на партијата, кои вечерва со својот потпис кажаа „Да“ за коалицијата на Алијансата за Албанците со албанската опозиција. Потписите се ставени вечерва на собирот одржан во Куманово, кој беше свикан од Таравари неколку дена пред одржувањето на Собранието, кое го свика Зијадин Села за да се одржи оваа сабота. Ова го објави ТВ 21.



Таравари не даде изјава за медиумите пред вечерашнава средба во Куманово, но на фејсбук напиша:
„Куманово ги урива рекордите!
Има толку многу луѓе, што се надминати сите наши очекувања!
Промената почна денес, Куманово води!“