Собранието попладнево со 55 гласови „за“ ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце.
Измените, меѓу другото, предвидуваат објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред законодавниот дом изразувајќи го револтот предлог-законот.
Претставниците на овие две здруженија сега бараат претседателот Пендаровски да не го потпишува законот , нешто што неодамна го изјави и шефот на државата бидејќи се носи злоупотребувајќи го европското знаменце, а за кој е јасно дека не постои јасна европска директива.
Претставниците на здруженијата на приредувачи на игри на среќа велат дека со затворањето на легалните обложувалници и игри на среќа се отвора пат за организирање вакви игри „на црно“.
Воедно потсетуваат дека со затворањето на нивните фирми без работа ќе останат 10.000 лица, а индиректно ќе бидат погодени 50.000 семејства.






