Министерството за здравство да прогласи епидемија на голема кашлица на територијата на Град Скопје, ќе побара Комисијата за заразни болести.
Ваквата препорака доаѓа по речиси секојдневното регистрирање на нови случаи на заболени деца.
Во моментов потврдени се 18 случаи а четиригодишно дете е хоспитализирано.
Претседателот на Комисијата, др Александар Петличковски соопшти дека до министерот за здравство ќе се препорача во градинките да се забрани прием и упис на деца кои не се вакцинирани или се делумно вакцинирани.
Петличковски апелираше до граѓаните да ги вакцинираат своите деца за да се спречи ширење на болеста.





