Ковачевски: Техничката влада нема да падне

„Техничката влада кај нас е светски феномен, што не постои никаде во свет и сметам дека би бил уште еден светски феномен влада што е задолжена за да организира избори да успее да падне“, изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.



Може ли поради министрите на Алијанса да падне владата?

Според него тоа нема да се случи и дека техничката влада ќе успее да организира фер и демократски избори.

Екс-премиерот вели дека во државата има неколку феномени, за што ја обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден феномен е техничката или Пржинска влада, втор феномен е СЈО, кое што веќе не постои и трет феномен е ОТА, што никаде во свет ја нема и тоа е се резултат на начинот на кој што владееше ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година – изјави Ковачевски по средбата во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. МИА