„Албански властодршци, Албанци во позицијата и во опозицијата: мобилизирајте ги сите политички сили, не го измамувајте повеќе албанскиот граѓанин, туку покажете се како господари и владетели на својата татковина и со својата политичка сила докажете дека Македонија му припаѓа на албанскиот народ уште од Александар Велики па наваму. Последен момент е на овие избори како единствени, а не поделени, да му покажете на светот дека Албанците во * Македонија се државотворен народ, или Македонија нема да постои, туку ќе биде набргу распарчена и поделена според аршините на Албанците и на другите. * Македонија е вештачка држава, создадена од поранешната југословенска држава, која ги крши правата на Албанците, како што прават и македонските екстремисти, водени од славомакедонски националистички дух, попречувајќи им го правото на албанските деца во Чашка, Газибаба и други подрачја да учат на својот мајчин албански јазик.“ – овој скандалозен повик на „албанските властодршци“ и политичари да ја распарчат и да ја поделат Македонија „според критериумите на Албанците и на другите“ им го упати Аслан Дибрани, политички активист за албанската национална кауза и новинар-публицист од Косово, преку својата колумна со наслов „Албански властодршци од *Македонија: кај сте?“.
Во колумната, која ја објави еден од водечките косовски медиуми весникот „Бота сот“ од Приштина, Дибрани пишува: Една група македонски екстремисти, водени од славомакедонски националистички дух, протестираат и го блокираат влезот и излезот на Чашка и Гази Баба, бидејќи се против наставата на албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“.Покрај овие општини, има и други подрачја каде што се повредува правото на школување на албански мајчин јазик. Одмаздничките протести и насилното повредување на правата на Албанците се спроведуваат уште поранешниот југословенски систем се до денес.
Во едно соопштение се наведува дека од 27 ноември 2023 година учениците-Македонци ја прекинале наставата, поради отворањето на паралелката на албански јазик. Потоа протестирачите го блокирале целиот образовен процес и за 80-те ученици-Албанци, кои посетуваат настава на македонски јазик . Има ли поголема дискриминација во овој век кон албанските деца, кои дури и насилно следеа настава на јазикот на другиот народ до вчера?!
Се попречува и правото на образование на мајчин албански јазик е и во општина Гази Баба, каде што групи граѓани, охрабрени од центрите на политичката моќ, протестираат против школувањето на албански јазик на уште поостри начини и со напади и навреди. До сега нема никаква официјална реакција ниту од Министерството за образование, ниту од актуелната Влада. чиј премиер е Албанецот Талат Џафери.
Деновиве се крена голема прашина дека на чело на македонската влада бил поставен албански премиер, со навивачки извици и песни дека Албанците божем биле рамноправни со Албанците. Апелираме до Али Ахмети и до оние кои учествуваат во власта со словенските Македонци дека Албанците не се рамноправни ниту во основна смисла. На народот, на кој му се збранува школувањето на мајчиниот јазик, не е рамноправен со другиот народ.
Претставници на албанските политички партии продаваат чад преку медиумите дека го направиле албанскиот народ рамноправен со Македонците, а всушност Албанците немаат право на образование на албански јазик, немаат право на употреба на националното знаме, немаат ниту право на претставување во меѓународната арена како албански народ! Затоа, албански властодршци во * Македонија: кај сте?
Албанци во позицијата и во опозицијата: време е за мобилизација и за организирање избори во * Македонија како единствени, а не поделени. Мобилизирајте ги сите политички и интелектуални сили, не го измамувајте повеќе албанскиот граѓанин, туку покажете се како господари и владетели на својата татковина и со својата политичка сила докажете дека Македонија му припаѓа на албанскиот народ уште од Александар Велики па наваму. Формирањето на вештачка Македонија од поранешната југословенска федерација ги крши правата на Албанците до ден-денес, како што се случува и со недозволувањето Албанците да следат настава на мајчин јазик.
Словенска Македонија асимилираше повеќе од 300 илјади православни Албанци и ги направи Македонци! Последен момент е на овие избори да си покажете на себеси, но и на светот дека Албанците во * Македонија се државотворен народ, или Македонија нема да постои, туку ќе биде набргу распарчена и поделена според аршините на Албанците и на другите.





