На вчерашната седница Владата донесе одлука да се поништи препораката до Управниот одбор на ФЗО од 9 јануари 2024 година со која платите на вработените во ФЗОМ, требаше да се намалат за 21 отсѝто.



Поради ова вработените два дена штрајкуваа.

Со новата препорака платите ќе останат недопрени до крајот на мај, задржувајќи ги сегашните нивоа поставени во декември, со гарантирано зголемување од 15 проценти.

Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година,со утврденото зголемување од 15 отсто.

И Асаф Абдурамани, вршител на должноста директор на ФЗО, на социјалните мрежи сподели дека бил постигнат договор со техничкиот премиер Талат Џафери.

„Почитувани колеги, соработници на ФЗОМ, денеска со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за еднаква вредност на платите до 31 мај 2024 година. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените“, напиша Абдурамани.

Доколку имаше намалување на платите за 831 вработен во Фондот, дури една четвртина од вработените ќе добиваа плата под минималната, а 25 отсто колку минималната плата.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти