Меџити: Блокирана изградбата на катни гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

 

На вчерашната седница на владата беше отфрлен проектот за изградба на катни гаражи во клиничкиот центар Мајка Тереза, иако има физибилити студија и беа повлечени пари од буџетот.



Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека ваквата одлука е донесена од партиски причини, нагласувајќи дека проблемот со паркирањето е присутен од 2013 година, но решението се уште не е најдено, пренесе „Телеграфи“.

Министрите за здравство долги години ветуваа изградба накатни  гаражи, но никој од нив не го исполни ветувањето.