Дерл од вработените во германската авиокомпанија Луфтханза денеска штрајкуваат за да го зголемат притисокот во преговорите за плати.



Штрајкот започна во четири часот наутро и ќе трае до седум часот утре, соопшти националната авиокомпанија.

Околу 100.000 патници ќе бидат погодени од штрајкот.

Синдикатот најави штрајк на персоналот на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф.

Синдикатот бара зголемување на платите за 12,5 отсто за 25.000 работници или најмалку 500 евра повеќе месечно во период од 12 месеци, плус еднократна исплата од 3.000 евра за компензација на инфлацијата.