ДУИ со асистенција на СДСМ почна чистка на луѓето на Таравари во владата.
Се потврдија неофицијалните најави дека по објавата на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари за соработка со албанската опозиција ќе бидат менува и кадри на неговата фракција во партијата кои што се во владата.
Во очекување на смена на министрите за здравство и информатичко општество
ТВ Клан цитира владини извори според кои веќе се разрешени Бујарe Абази од функцијата директорка на Пошта на Македонија и Газменд Абдија, од позицијата директор на Агенцијата за странски инвестиции.
Абази е потпретседателка на Алијанса за Албанците и таа на Таравари му изрази поддршка партијата да ѝ се приклучи за изборите на опозициската коалиција на Албанците.
Абдија пак, е претседател на гостиварскиот огранок на Алијанса за Албанците.
Иако ДУИ на барање на Зиадин Села инсистира на смена на двајцата министри Азир Алиу и Фатмир Меџити блиски на Таравари засега нема најава за смена на министри во владата. Проблем за ДУИ и СДСМ се странците кои бараат да нема реваншизам во техничката влада.



