Приклонувањето на Алијанса кон опозициските партии на етничките Албанци или кон ДУИ може да биде пресудно кој ќе влезе во следната влада, вели аналитичарот Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања во изјава за РСЕ.
„Алијанса не е толку моќна во моментов како што беше, да речеме, во 2020 кога беше главна опозиција, но, има гласачко тело и може во голема мера да ги измести позициите.
Раскол во Алијанса откако Таравари се судри со крилото на Села
Ако отиде кон опозицијата може многу лесно (опозицијата) да му се приближи на ДУИ.
Може и со тоа нема да успеат да ја победат ДУИ, но од друга страна, нели не важи веќе тоа ’победник со победник‘ како што најави ВМРО-ДПМНЕ, и затоа тука има големи шанси ДУИ да не биде дел од идната власт“, вели Божиновски.
Соработката на Алијанса со ДУИ, пак, спооред Божиновски, би ја зголемило предноста на интегративците пред опозицијата и во таков случај ќе бидат многу мали можностите на опозициските партии да бидат идниот владин партнер.
Според него, самостоен настап би и донел одреден број на пратеници, но веројатно повеќе би освоила во коалиција зашто, оценува, има добри понуди и од едната и од другата страна“.





