Претседателот Александар Вучиќ синоќа изјави дека вредноста на бруто домашниот производ на Србија е 69,5 милијарди евра, а целиот Западен Балкан заедно има помалку од тоа.
„Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија имаат многу повеќе жители од Србија.
Но, Србија има бруто домашен производ од 69,5 милијарди, а сите заедно се 67, рече Вучиќ.
Како што рече, две третини од сите инвестиции се во Србија, односно 63 отсто од сите странски директни инвестиции се во Србија.
Над 55 отсто од извозот на Западен Балкан е од Србија“, рече Вучиќ според кој ова покажува колкава е економската доминација на Србија.
Тој уште најави дека „Србија наскоро ќе има БДП од 100 милијарди евра“!






