Виктор Панчевски, вработен во ЈП „Паркови и зеленило“ е новиот директор ЈП „Водовод“.



Градоначалничката Данела Арсовска го разреши од функција досегашниот директор, Драган Илиевски кој е на боледување од 21 јануари.

Пред само три месеци градоначалничката Данела Арсовска му даде менаџерски договор на Илиевски, но сега го разрешува од функцијата.

Панчевски е четврти директор на „Водовод“ во мандатот на Арсовска.

Градоначалничката по доаѓањето на функција најпрво го назначи Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, но го разреши по кавгата со Христијан Мицкоски.

На негово место го стави Марјан Митовски, но по неколку месеци го смени и него и го назначи за директор Драган Илиевски, кој претходно беше в. д. во Зоолошката градина, потсетува СДК.