Утрово во 06.30 часот, со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР беше транспортиран на медицинско лекување пациентот Леонид Индов од Скопје до Виена, Австрија.
Директорот на болницата „8 Септември” д-р Христијан Костов рече дека во најкраток можен рок биле набавена и вградена најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт.
Тој се заблагодари на кооперативноста на МВР во реализирањето на оваа хумана мисија.
На првиот меѓународен лет од таков вид во историјата на современата македонска држава, присуствуваа персоналот и управата на Градската Општа Болница 8-ми Септември, Доц. Д-р Татјана Тројиќ спец. анестезиолог, Др. Јасмина Панова спец. анестезиолог, мед.сестра анестет. Марина Јанчева и Проф.Д-р Христијан Костов, со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.
После интензивни договори, болницата набави и вгради најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт, пишува Фокус.






