Бугарските земјоделци денеска започнаа со протести, откако вчера ги отфрлија шемите предложени од владата за помош.



На 80 места низ државата ќе бидат поставени блокади со тешка механизција, јавуваат бугарски медиуми.

Владата вети поддршка за производителите на жито само доколку докажат дека работеле со загуба во последната година. Според земјоделците, пак, ваквата методологија нема економска логика, бидејќи даночната пријава за минатата година дефинитивно не може да ги прикаже загубите на земјоделците кои се зголемуваат во последните три години.

Земјоделците ширум Европа се незадоволни. Франција беше првата што протестираше, жалејќи се на бирократијата и конкуренцијата од украинскиот увоз одобрен во Европската унија за да и помогне на украинската економија за време на војната.

Протестите на земјоделските работници започнаа и во Белгија, каде блокадата на тракторите доведе до хаос на белгиско-холандската граница.

Серија блокади на трактори започнаа и земјоделците во Шпанија и Италија. Демонстрации има во Полска, Германија, Романија, Грција, Португалија.