Седницата на албанското Собрание денеска траеше само 15 минути, бидејќи владејачкото мнозинство не можеше да го контролира хаосот што го предизвикаа опозициските демократи, кои насилно влегоа во салата, објави „Albanian daily news“.
Премиерот Еди Рама, кој беше присутен, не можеше да зборува на седницата, додека демократите се обидуваа да дојдат до него за да ја решат работата, но беа спречени од обезбедувањето.
Претседателката на Собранието Линдита Никола ја обвини опозицијата дека гледа само на сопствените, а не и на народот.
Пред една недела парламентот исфрли неколку демократски пратеници, но дел од нив денеска успеаја да влезат.





