Поради најавите за кратење на нивните плати за 21%, вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) втор ден штрајкуваат  и како и вчера, сите подрачни единици  нема да извршуваат работни задачи, освен најитните.



Намалуваат плати во ФЗОМ за да примат нови 60 партиски кадри, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Револтот кај вработените е огромен. Штрајкуваат и оние кои се во други синдикати. Да останат оние плати што ги добивме со декемвриската.

Не бараме ништо повеќе, туку само да ни останат платите во висина како што беа со декемвриската. Штрајкот нема да престане, дури и по цена да не земат плата, како што е сега случајот.

Во моментов, вработените во ФЗО немаат плата, рече вчера претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски.

Тој упати апел до Владата, на денешната седница, на која веќе пратиле допис до техничкиот премиер Талат Џафери, да отвори точка на дневен ред, да се разгледа нивното барање.