„Евростат“: Повеќе од половина народ може само да сонува одмор

Повеќе од половина македонски граѓани не можат да си дозволат годишен одмор, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат, односно тој може само да го сонуваат, и толку. Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на Македонија.



Истражувањето вели дека дури 55 отсто од населението во земјава не може да си дозволи 7-дневен годишен одмор, а клучната причина е економската состојба. И граѓаните кои ги анкетиравме признаваат дека одморот им е луксуз, но дека и покрај се, се трудат да заминат неколку дена на море или езеро. Од туристичките агенции не бележат намален интерес на аранжманите за годишните одмори, особено во соседните земји. Грција останува најпопуларна дестинација за повеќето граѓани, најмногу поради близината.

Straw hat kept on empty beach chair at tropical sand beach

На листата на „Ландгеист“, во Европа полошо од Македонија стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат да си дозволат одмор, во Турција 60,8%, во Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и во Косово 69,5%. На врвот на листата се жителите на Луксембург каде што само 7 проценти не можат да заминат на одмор, а по нив, следуваат Норвешка, Швајцарија и Исланд.