„Куршум што се плаши од светлината е пронајден денес на прагот на семејството на Арбен Таравари. Мора да им покажеме дека им дојде крајот на овие ѓубриња од подземјето, на овие кукавици и предавници на нацијата, кои го знаат само јазикот на заканите, на крвната одмазда, само за да дојдат на власт. Не постои куршум, што ќе ни го убие националното достоинство!“ – со оваа жестока реакција се огласи денес Дијана Тоска, новинарка и писателка на албански јазик од Скопје, во својата колумна со наслов „Честитка од подземјето!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Тоска пишува: Куршум што се плаши од светлината е пронајден денес на прагот на семејството на Арбен Таравари. Најновата историја на Косово не научи дека за подземјето е повредна власта, која донесува пари, богатство и моќ, отколку што е човечкиот живот. Ова црно искуство се најде и меѓу нас на прагот на изборите.
Овој кукавички чин докажува колку лесно може да се загрози животот на човекот, кој има храброст да зборува поинаку, да бара промена на цивилизиран и транспарентен начин. Арбен Таравари му ги наруши сметките некому, било да се материјални, или политички. Затоа, затоа оваа закана од подземјето мора да се сфати како повик на совеста да се казни секој политичар кој работи против националните интереси и за лична сметка на мафијашките кланови, на кои им припаѓа.
Оваа проституција на изгледот на албанскиот политичар не треба да ни биде модел за стандардот на вредностите во блиската иднина. Мора да им покажеме дека им дојде крајот на овие ѓубриња од подземјето, на овие кукавици и предавници на нацијата, кои го знаат само јазикот на заканите, на крвната одмазда, само за да дојдат на власт.
Нека ни послужи оваа „честитка“ од подземјето како решавачки мотив за промена на колективната ситуација, во која се наоѓаме и за стоички човечки одговор на сите нас кон мафијашите од сите партиски бои. Не постои куршум, што ќе ни го убие националното достоинство!





