Стотици членови на Алијанса од Виетнам му дојдоа на помош на Села во војната со Таравари

Стотици членови на Алијанса за Албанците од Народна Република Виетнам преку ноќ му дојдоа на помош на екс лидерот на партијата Зиадин Села во војната со лидерот Арбен Таравари кој сака да оди на избори со цел да ги урне ДУИ и Али Ахмети.



Ова е впечатокот ако се анализира статусот на Села на Фејсбук во кој бара помош од членството во пресметката со Таравари.

Откако вчера беше објавено дека на социјалните мрежи Таравари има речиси десет пати поголема поддршка од членовите и симпатизерите на Таравари, денеска Села доби неочекувана помош од далечниот Виетнам.

Најмалку 800 профили на Фејсбук од Виетнам реагираат на постот на Села кој вчера доби нешто повеќе од 400 реакции.

Според профилите на профилите од Виетнам кои реагираат на постот на Села од главниот град Ханој и други градови во Виетнам се таканаречени Ботови или вештачки креирани профили од таканаречени Фарми на контент.

Речиси сите профили се претставуваат како модели и имаат вештачки креирани фотографии на профилите а немаат ниту еден следбеник.

Освен ако не се работи за тајна армија на Села од Виетнам тогаш некој негов близок соработник купил вештачка поддршка од Виетнамските фарми за контент за да не се види дека Таравари има и до многу поголема поддршка на социјалните мрежи.

Со оваа операција Села и неговата фракција всушност си пукале во нога затоа што вака дефинитивно станува јасно дека реалната поддршка од најголем дел од членството е за Таравари а меѓу поддржувачите на Села најголем број се лажни профили од Виетнам.

Најчитани статии

Каков крај

Ковачевски на телевизија го следи распадот на неговото чедо, анализира македонски бизнисмен