Утрово во дворот на куќата на лидерот на Алијанса на Албанците бил пронајден куршум за кој се сомнева дека е порака со закана за него по последните случувања во партијата.
Полицијата е во куќата на Арбен Таравари, дознава Ора24.ТВ.
Овој настан се случува по неодамнешните случувања кога првиот човек на АА јавно изјави дека неговата партија треба да се приклучи на албанската опозиција.
Сои спротивен став, дека партијата треба самостојно на изборите е поранешниот лидер на АА, Зијадин Села.
Ова доведе до почеток на поделби во партијата, а синоќа и до физичка пресметка меѓу членови од истата партија.






