Тетовската полиција ја потврди информацијата дека во Тетово вчера имало тепачка меѓу членови на Алијансата за Албанците, информира Telegrafi



„Вечерва во 19:41 часот во СВР-Тетово пријавено е дека во хотелска зграда на улица „Илирија“ во Тетово лицето Н.Д бил физички нападнат од тетовецот К.О. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија синоќа од СВР Тетово.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, бил физички нападнат во ресторанот Седра во Тетово.

Синоќа тој бил нападнат додека со семејството вечерал во ресторанот, а настанот го потврди и полицијата.нападот се случил веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Централното собрание и поранешен лидер на Aлијанса за Албанците, Зијадин Села, во партиското седиште во Tетово.

Пратениците на Алијанса се далат на два табора – на Таравари и на Села

Како што пишува Клан, Небиу бил нападнат од Кренар Османи, близок соработник и поддржувач на Таравари. Небиу ја потврди информацијата дека вчера бил физички нападнат од Кренар Османи и рече дека инцидентот го пријавил и во МВР.

На тепачката претходеше иницијативата на Зиадин Села, претседателот на Собранието на Алијанса, да бара одговорност од Арбен Таравари кој се залага партијата на претстојните избори да се приклучи на опозициските партии н а етничките Албанци, претседателот на АА.