Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од денеска ќе стапат во штрајк.
Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи, јави МИА.
Од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), информираа дека за прием на документи ќе има само по еден вработен во подрачните единици.
Причина за штрајјкот е незадоволство од можното намалување на платите за 21%, по препораката од Владата од 9 јануари.
Со тоа ќе бидат засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата.






