Пратениците на Алијанса за Албанците вечерва се делат во двата партиски табори на лидерот на партијата Арбен Таравари и екс лидерот Зијадин Села.
Според партиски извори само двајца од пратеници на партијата остануваат верни на Таравари.
Тоа се пратениците Халил Снопче од Гостивар и Артина Ќазими од Тетово.
Другите 6, меѓу нив и екс лидерот Села, се со Зијадин Села и со Кренар Лога.
Ремзи Мемеди, Илире Даути, Илми Азири, Атнан Азири и Абдула Салиу заедно со Зиадин Села се во фракцијата контра Таравари.





