Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска пред една недела уживала во Битола каде ги седнала младите во студена сала со јакни и им порачала дека енергијата е во нив.
Од фотографиите што сама ги објави од настанот со Социјалдемократска младина се гледа дека луѓето кои седат до неа се во јакни и капути што вообичаено се случува кога некој седи во студена сала.
Една од учесничките дури носи капа што значи дека температурата во салата била многу ниска иако некои функционери на СДСМ се во џемпери.
На министерката која и самата носи капут на настанот сепак не и беше проблем да каже дека било вистинско уживање да се дружи во студената сала.
,,Енергијата на #СДСМ доаѓа од младите, заедно ги менуваме работите на подобро.
Синоќешните #SDMMTalks во Битола беа вистинско уживање и причина плус зошто сме горди на нашата младина. Имавме дискусија која е потврда дека имаме вредни млади, полни со идеи и решенија, кои сакаат да преземаат одговорност во креирањето на нивната иднина.
На младите социјалдемократи им порачав секогаш да бидат активни и прогресивни, никогаш деструктивни, а благосостојбата на државата да им е единствен интерес.
Заедно со #СДММ сме тим кој работи на реформската агенда за економски развој, за повеќе европски можности за младите, европско образование, европски услови во студентските домови и унапредување на квалитетот на живот на секој еден граѓанин”, објави Костадиновска Стојчевска за настанот.






