Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките (БАН) на денешната средба во Скопје изразиле подготвеност да им помогнат на своите влади во реализација на Договорот за пријателство и соработка и за таа цел двете академии ќе формираат меѓуакадемиска група, предводена од нивните претседатели.
Според соопштението од МАНУ, оваа меѓуакадемиска група, треба да придонесе за конкретизирање на формите и содржините за соработка предвидени во Договорот.
.На средбата било потенцирано значењето на Договорот за пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија како силен поттик за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји и академии во науката, знаењата, културата, економијата, зближувањето на младите луѓе и други подрачја на создавање и прифаќање и примена на заеднички европски вредности.
– Искуствата од досегашната соработка меѓу двете академии, која претходеше и даде свој придонес во постигнувањето на Договорот за
пријателство и соработка, ја засноваат увереноста дека само со таквиот пристап, својствен за науката, културата и уметноста се отвораат нови перспективи за Балканот како подрачје на мир, стабилност и развој, се наведува во соопштението.





