Ѓуров: Од Македонците зависи дали ќе ја има Македонија на сите можни начини, а не од „Бугари во Устав“ и преговори со ЕУ!

„Дали ќе ја има Македонија не зависи од тоа дали Бугарите ќе влезат во Уставот, или дали ќе почнеме преговори со ЕУ! Дали ќе ја има Македонија зависи од Македонците, дали тие ќе одлучат да ја има Македонија на сите можни начини, правејќи да е подобра. Во семејството, во влезот, околу зградата, на работа, насекаде околу себе со конкретни дела…. и поддршка кон тие, кои покренале иницијативи.“ – порачува преку својот фејсбук-профил д-р Лазар Ѓуров, еден од основачите на младинската организација „Младите можат“.



Во својата објава на фејсбук Ѓуров дополнува: Проблемот е што партиските полтрони се послушни глувци, независните се пасивни демотивирани мрзливи жртви, кои само се жалат и не прават ништо.

Младинската организација „Младите можат“ има зацртано своја програмска активност „да им овозможува на младите да се развиваат и да станат катализатори на позитивни општествени промени“.