Вицепремиерот Бојан Маричиќ уверува дека нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада и дека очекува така да остане до почетокот на изборите. Тој додаде дека веќе е одржана една седница и конституирани се владините тела.
Се очекува во вторник да има можеби, повеќе од една седница и да биде усвоен Законот за рестриктивни мерки, рече тој по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Во врска со денешното чествување на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, Маричиќ потенцира дека името и дело на Гоце доликува да се слави достојно.





