Турција обезбеди домови за илјадници кои останаа без покрив по земјотресот

Властите во Турција вчера им предадоа клучеви од новоизградените домови на оние кои останаа без покрив над главата по минатогодишниот разорен земјотрес, јавува Ројтерс.



Ова доаѓа една година по најсмртоносната катастрофа во модерната историја на земјата.

Во силните земјотреси од 6 февруари 2023 година во јужна Турција загинаа повеќе од 50.000 луѓе во 11 провинции, а стотици илјади останаа без покрив над главата.

Денес обезбедуваме 7.275 куќи во Хатај. Постепено ќе дадеме 40.000 куќи на целиот регион штом ќе заврши нивната изградба“, рече претседателот Реџеп Ердоган на церемонијата во Хатај, провинцијата најтешко погодена од земјотресите.

Околу 75.000 куќи ќе бидат завршени во следните два месеци, рече Ердоган, додавајќи дека владата планира да испорача вкупно 200.000 куќи оваа година.