Села: Таравари шверцува партиски пораки преку Фејсбук

 

Претседателот на Централното собрание на Алијансата за Албанците, се огласи на својот Фејсбук профил, во кој наведува дека не е информиран за каква било можна коалициона понуда со друга политичка партија. Села обвини дека преку статус на Фејсбук шверцувал партиската порака, и го обвини сериозно кршење на Статутот на партијата, соопштува Telegrafi.



„Како претседател на централното собрание на Алијансата за Албанците, до овој момент не сум информиран за никаква понуда за коалиција со која било друга политичка партија.

Поранешниот лидер на Алијанса, Зијадин Села смета дека партијата на претстојните избори треба да настапи сама, без коалицрање со ДУИ или со коалицијата на опозициските партии на етничките Албанци.

Од средбите што неодамна ги остварив со шефовите на ограноците и другите партиски структури, исто така, информиран сум дека никој од нив не знае за некаква писмена понуда врз основа на тоа што треба да се одлучи“, пишува Села во објава на Фејсбук.

Села нагласи и дека претседателот на партијата не е орган на одлучување и дека одлуките за коалициите треба да се носат во соодветните партиски тела.

„Тенденциите на шверц на партијата за сметка на не знам кој преку статус на „Фејсбук“ е сериозно кршење на Статутот на партијата за што претседателот на партијата мора да одговара пред органите на партијата.

Обидите да се разјасни ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијансата за Албанците“, додаде тој.