Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова во интервју за Канал 5 порачува дека Европската Унија не е совршенство без мана ниту Ел Дорадо и бара Брисел да не молчи кога врз Македонија се кршат принципите на унијата.
,,ЕУ не е совршенство без мана, не е Ел Дорадо, не е догма. Нејзините високи претставници често се повикуваат на темелните вредности и принципи, но ги забораваат кога ги кршат нивни членки кон оние на патот кон ЕУ. Проевропски и демократски е да ги потсетите на важноста од нивно почитување. Неевропски и антиевропски е да го толерирате нивното кршење”, порачува Силјановска која открива дека на средбите со европските претставници, од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги потсетуваат на нивната важност во процесот на проширувањето.
,,Јас како професорка, но и како пратеничка на македонските граѓани, без оглед на било каква припадност, верував и верувам дека тие важат не само за внатрешните односи во ЕУ, туку и во односите со земјите – кандидатки.
Многупати досега, дома и надвор ги афирмирав и реафирмирав и ќе продолжам да го правам тоа. Ме чуди зашто власта не го стори тоа: од незнаење, од понизност или од страв? Зарем не сфати дека самопочитта раѓа почит”, вели Силјановска која очекува идната власт да ни ја врати самопочитта, функционирајќи врз демократски вредности и принципи.
Видеото на овој линк
Целото видео со интервјуто






