Феноменалната голгетерска форма на Бојан Миовски продолжи и во дуелот со водечкиот Селтик, со кој Абердин ремизира 1:1 токму со голот на македонскиот напаѓач во 24. коло од шкотскиот Премиершип.
Во дебито на својот нов тренер Питер Левин, кој го замени Бери Робсон на клупата на „донси“, Миовски го доведе во водство домаќинот на „Питодри“ во 50. минута, по што прослави во стилот на Кристијано Роналдо, а израмни Германецот Николас-Герит Кун во 63. минута.
Со својот 12. првенствен погодок сезонава, 24-годишниот репрезентативец на Македонија се зацврсти на второто место на листата на стрелците, а пред него е само Шкотланѓанецот Лоренс Шанкланд од Хартс со 16.
За штипјанецот ова е вкупно 19. гол во сите клупски натпреварувања од почетокот на сезоната, со што го надмина ефектот од 18 погодоци од минатата, во која дебитира во шкотската елитна конкуренција.
Мајсторијата на Миовски против гигантот од Глазгов на линкот:






