Парите за ТЦ Соравија на Ахмети ги дал спонзор на УЧК од САД, случајот го истражува обвинителство кое го води човек на Али

Парите за купување на трговскиот центар Соравија на внукот на Али Ахмети, Дрин ги дал спонзор на (ОНА) УЧК од САД а случајот за купување на профитниот објект во центарот на Скопје го истражува обвинителството кое го води Ислам Абази кој важи за човек на лидерот на ДУИ.



Емисијата на Снежана Лупевска, КОД на Телма открива дека пари од Америка биле уплатени на сметката на Соравиа која ја купува внукот на Али Ахмети, Дрин.

Во јули по допрен глас отворен е случај за сомнежите како Дрин Ахмети од зделката за превземање Соравија ќе добие 39 отсто од деловниот центар без да уплати денар. Долг од 20 милиони евра тврдеа дека има Соравија но, истражувањата на КОД покажаа нешто сосема друго, фирмата има и годишен солиден профит.

Според истражувањето на Код Дрин Ахмети лажел кога рекол дека парите за Соравија се од кредитот во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за на име на Пјетер Ѓокај.

Истражувањето на КОД открива дека на сметката на Соравија во Македонија никогаш не стасале 6-те милиони од кредитот во банката во Албанија .

Во текот на летните месеци уплатени се 3 милиони долари на сметката на Соравиа. Уплатени се од човек кој живее во САД, но американецот имал потекло од Македонија. Претходно, испраќачот на трите милиони долари испраќал пари како донација и помош за УЧК, открива КОД.

Парите се уплатени и пријавени како позајмица. Тоа се единствените пари за сега уплатени на сметка на фирмата-сопственик на деловниот центар.

Индиректна потврда на трансакцијата е и смена во управителската структура на Соравиа. На први септември лани, како нов управител на Соравиа е додаден и Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ. Промената е регистрирана и во Централниот регистар, 13 денови подоцна.

За американската трансакција знае и обвинителството кое истражува од јули по допрен глас. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го води уште еден жител на Зајас, Ислам Абази и КОД постави прашања до нив за американската трансакција, но, и за тоа дали нешто друго е откриено во нивната предистрага за Соравиа.

-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веднаш по отворањето на предметот издаде низа наредби и насоки до повеќе релевантни институции со чија помош треба да се расветли случајот. Така, во оваа сеопфатна предистражна постапка освен истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал кои ги анализираат прибраните материјали , постапуваат и Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Единицата за финансиски криминал – Сектор за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Единица за економски криминал – Сектор за економски криминал и корупција при Одделот за криминалистичка полиција во МВР. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка во интерес на истата, обвинителството во овој момент не може да сподели повеќе детали како не би се наштетило на понатамошниот тек на постапката, одговорија од ОЈОГОКК.

Шефот на ова обвинителство Ислам Абази цела јавност го виде сликан на кауч нанкојбседи со братот на Али Ахмети и неговиот шофер.

Целата сторија на КОД на овој линк

КОД открива: Пари од Америка биле уплатени на сметката на Соравиа која ја купува внукот на Али Ахмети, Дрин