Министерството за образование и наука сè уште не ни ги исплати стипендиите за месец октомври. Во понеделник во 16 часот пред МОН на протест, повикуваат студенстските организации.



„Исто така веќе две години го пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе се започне реконструкцијата во најбрз можен рок. Поради таа причина и слични други, како што е доцнењето на финансиската помош за превоз и честото лажење на МОН, ние, студентите, најавуваме МАСОВЕН протест во понеделник во 16:00 на 05.02.2024 пред МОН.

Ги повикуваме сите наши колеги, другари да ни се придружат масовно на овој протест упатувајќи порака до МОН дека повеќе вака не може. Ако не се избориме сами за своите права, тогаш кој? Ако не сега, кога?

Понеделник во 16:00 се гледаме пред МОН!

Во понеделник е закажан и протест на вработените во ФЗОМ.