„Најостро демантирам дека Алијансата за Албанците наводно дала збор, кога станала дел од Владата, дека ќе одиме на избори заедно со ДУИ.
Тоа е невистинито и тенденциозно со цел да ми го уништи имиџот“ вели поранешниот лидер на АА, Зијадин Села, во демант на информациата на ТВ21 од анонимни извори а во врска со вчерашната средба што тој ја имал со шефовите на ограноците на партијата, а на која не бил претседателот на партијата
Села вели дека тој лично никаде ниту се заложил ниту пак ветил дека АА ќе учествува на изборите заедно со ДУИ.
„Мојата определба е јасна и конзистентна, констатирана на средбата на Централното раководство, договорена неколку пати на средбите со претседателот на партијата, Арбен Таравари, и изразен во секое јавно појавување во медиумите.
И овој став е дека Алијансата за Албанците оди на избори обединета и со народот“, се вели во демантот на Зиадин Села, претседателот на Централното собрание на Алијанса на Албанците.






