Русија: Уапсена манекенка зашто им помагала на украински бегалци

 

Антивоената манекенка (27), која им помагала на украинските бегалци, била уапсена од безбедносната служба на Путин, ФСБ,  „за загрозување на безбедноста на државата“, а приведена е и нејзината сестра.



Надежда Росинскаја е одведена на распит и е во притвор во Белгород, регион кој се граничи со Украина, во кој во последните месеци има неколку ракетни напади од Киев.

Приведена е и нејзината сестра Елена Егорова.