500 евра се 500 евра, Апасиев нападна адвокат кој проговори за неговите комплекси од Катица Јанева

Лидерот на партијата Левица Димитар Апсиев влезе во јавен судир со адвокатот Јанаки Митровски откако тој анализираше дека ,,рак рана” на македонското судство се политичарите а дека најголемиот дел од судиите и обвинителите се стручни и совесни, но носат вина бидејќи молчат.



По оваа изјава лидерот на Левица го обвини Митровски дека немал право да зборува за правото ставајќи го во контекст со студенти кои имале низок просек на правните студии.

,,Од овие со ШЕСТИЦА ПРОСЕК, после Катица Јанева, уше Јанаки Митровски остана да го дрви за право у етерот”, напиша Апасиев објавувајќи симбол на банана 🍌 кој најчесто на социјалните мрежи се користи кога некого сакате да наречете мајмун иако во случајот со лидерот на Левица тоа не е експлицитно наведено.

По нападот од лидерот на Левица тој доби одговор од адвокатот Митровски кој потсети дека Апасиев бил советник на екс шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева која сега е во затвор за криминал а правните студии ги завршила со просек 6.

Според Митровски нападот од Апасиев е израз на фрустрација затоа што лидерот на Левица за 500 евра хонорар бил советник на правник осуден криминалец со просек 6.

,,А Катица своевремено му беше шефица. Димитар тоа мора мнооогу да те комплексирало. Али 500 евра си се 500 евра”, пишува Митровски користејќи го хаштагот:
#КатицаШестицаШефицатаНаАпасиев

Постот на Митровски каде продолжува дебатата

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid026Nz1kQyGQHu7iqqJkqcQfMbrou9Kik5PUA3ZLX99tc5wJgSzQobjxzm7fhjqtgrkl&id=1216645561

Најчитани статии

Шокантни откритија – Македонското здравство има најмногу една година пред тотален колапс (ВИДЕО)