СДСМ е партијата која и направила најголема услуга на Бугарија со потпишувањето на Договорот за добрососедство изјави пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ синоќа во гостување на ТВ24 дебатирајќи со Снежана Калевска Ванчева од СДСМ која рече дека францускиот предлог не е најидеално, туку е компромис кој владата го направила заради доброто на сите граѓаните.
„СДСМ ја доведе Македонија во позиција зависна од Бугарија. Со блокадата од Бугарија се гледа дека е така, бидејќи Бугарија се повикува на Договорот и става вето и диктира рамка на преговори.
Неспособноста на власта се гледа кога владата кажа дека францускиот предлог е најдобар.
Германскиот беше подобар предлог и не беа потребни уставни измени“ образложи Милошоски.
„Билатерализацијата на спорот со Бугарија ќе ѝ наштети на Македонија по две основи:
Едно е прашањето за идентитетот и интервенцијата во текстовите,
другото е дека историското и јазичното прашање ќе одземе толкава енергија што наместо државата да се посветува на стандарди на реалните полиња, ќе се занимаваат со тоа кој што кажал“, рече Милошоски. .





